ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов на три дена од својот изборен пораз, незаконски распишува тендер

Од:

Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов го крши изборниот закон. Изгледа гори под нозе па затоа му се брза да распишува тендери и уште повеќе се закопува. Мисли дека ако со ваков гол популизам ќе се спаси од катастрофален пораз и ќе се претстави дека нешто сработил, тогаш се лаже се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое е реакција на денешната прес конференција на кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов.

– Проектот кој што денес спротивно на закон го тендерира, на само три дена од изборниот пораз кој ќе го доживее, е критизиран од јавноста.Народот виде каков неработник е, а веќе се гледа и дека отишол од другата страна на законот. Со прст не мрда четири години за градот Скопје и затоа на 31-ви ќе му биде испорачана сметката од граѓаните во форма на изборна казна. А за други казни ќе одлучува ослободеното правосудство многу скоро стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче