ВМРО-ДПМНЕ: Шест месеци се развлекува постапката за „Рекет“ да се прикријат трагите кои водат до раководството на СДСМ

Од:

„Целиот случај Рекет е режирана претстава во која Русковска обвинителството треба да направи се за да го заштити аболицираниот криминалец Зоран Заев. Шест месеци се развлекува постапката за да се прикријат трагите кои водат до раководството на СДСМ.

Русковска обвинителството истрагата ја водеше крајно непрофесионално и даде доволно време да се прикријат докази и да се влијае на сведоци. Истрагата заврши, а јавноста остана без одговори каде завршила Луј Витон торбата со 1,5 милиони евра, колку пари биле изрекетирани и кои се други бизнисмени биле опфатени од оваа криминално рекетарска банда.

Без одговор остана и прашањето дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски за претседателските избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во медиумите и јавноста се појави информација дека жртвата во Рекет поседувала информации кои можат да го срушат Зоран Заев. Тоа е директна потврда дека Заев е длабоко вмешан во криминал за кој партизираното Русковска обвинителство не смее да отвори ниту една истрага.

Секојдневно на површина излегуваат информации со кои се потврдува дека Рекет се води крајно непрофесионално, и се докажува спрегата на обвинителството со власта.

Јавноста дозна дека Катица Јанева не земала само 50.000 евра, туку 350.000 евра, а исто така и дека министерот за здравство Венко Филипче присуствувал на средби помеѓу жртвата и Боки 13 на кои очигледно не се разговарало за болници, туку за криминал.

На сите им е јасно дека обвинетите Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески се само пипците на октоподот, а главата е во врвот на СДСМ. Претставата која ни ја приредуваат власта и Русковска се прави за да не се дознаат нарачателите, тие кои му ја даваа силата на Боки 13 за рекетот.

Правдата нема да биде задоволена доколку се казнат само овие три лица. Потребно е да се побара одговорност од сите кои им даваа ветар во грб на извршителите на рекетот.

Граѓаните ја очекуваат вистината и очекуваат правда која власта на СДСМ не може и не сака да ја испорача затоа што до гуша се заглавени во криминал. Правдата во Македонија ќе дојде после 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта и ќе започне Обновата на Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски