ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее

Од:

На митингот на Стево Пендаровски во Куманово беа изнесени сексистички навреди кон кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановкса Давкова. Овие изјави во официјален дел од митингот и пред целокупната јавност ги искажа активист на Пендаровски и тоа во негово присуство и да биде уште пожалосно во присуство на портпаролката на СДС Богданка Кузеска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Најстрашното од се е после искажаните навреди кои се однесуваа на возраста и полот на кандидатката, никој на тоа не реагираше, ниту проба да го спречи активистот, ниту се огради, ниту се извини. Напротив тие дури и му се заблагодарија за неговиот настап. Ова е бедно и жалосно, на кое дереџе дојде Пендаровски. Да се навредуваат неговите против кандидати, а тој на тоа само да се смее и да се заблагодарува. Очигледно очајот и нервозата на СДС и Пендаровски се толку големи што веќе не бираат средства како да се пресметаат со Силјановска Давкова. Немаат аргументи, бегаат од дебати, бегаат од дуели и сега почнаа криејќи се од нивните активисти да блујат омраза, навреди и лаги.Народот сето ова го гледа и сето ова ќе го казни. А повикуваме и надлежните институциите да реагираат,затоа што и од Стево да е премногу е, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски