ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш ќе се залагаме за доброто на турската заедница

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла во целост лагите и манипулациите кои ги изнесе Партијата за Движење на Турците во Македонија.

За жал Партијата за Движење на Турците во Македонија прифаќа да одработува политички цели на СДС со надеж дека на тој начин ќе се обиде да го скрие фактот дека СДС јавно и гласно ги навредуваше Турците нарекувајќи ги со погрдни зборови, и посакуваше лоши работи за Република Турција.

Додека јавно по социјалните мрежи Јани Макрадули заменскиот министер од СДС ги поддржуваше написите со кои се навредува Турција и турскиот народ, ние јавно ги повикавме претставниците на СДС и Зоран Заев да се извинат на турскиот народ. Но ниту Јани Макрадули се извини, ниту СДС се огради.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш се залагала за доброто на турската етничка заедница во Република Македонија и за тоа постојат конкретни и реални факти. Зад нас стојат многу проекти од областа на економијата, бизнисот, здравството, образованието, културата, книжевноста, театарската уметност и многу други полиња кои придонеле за интересите на турската етничка заедница.

Воспоставивме празник на турската етничка заедница во Република Македонија.

Изградивме нова куќа посветена на родителите на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, Центар Жупа. Изградбата на овој спомен-дом е силен материјален доказ за одличната соработка на Република Македонија со Република Турција.

Допринесовме за превод на македонски јазик на дела од турската книжевност во Македонија застапени во проектот „135 тома македонска книжевност“, и со реализацијата на овој проект, македонската читателска јавност има можност да се запознае со спецификите на турските книжевни вредности.

На 18 јануари 2014 година беше поставен камен-темелникот на новиот објект на турскиот театар. Со буџетски средства од Министерството за култура во висина од 4,5 милиони евра е завршена првата фаза од изградбата.

Се доделуваа и стипендии за изучување на старотурскиот јазик и ред многу други проекти кои ги креираше и исполнуваше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се со цел за негување на односите со турската заедница.

Ние како партија секогаш ќе се залагаме за доброто на турската заедница во нашата земја и ќе ги подржуваме пријателските односи помеѓу Република Македонија и Република Турција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски