ВМРО-ДПМНЕ: Се обврзуваме на инвестиции во културата и дигитализација на културното и уметничкото наследство

Од:

„По победата на 12-ти април следуваат пакет мерки за инвестиции во културата и дигитализација на културното и уметничкото наследство.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи капитален проект за дигитализација на културното и уметничкото наследство, со цел истото да го сочуваме од заборавот на времето и да го направиме подостапно за јавноста.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата на Музеј на Македонија согласно современите архитектонски стандарди“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе опфати инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии. Ова значи финасирање и системска поддршка за развојот на креативните индустрии во културата како економски ресурс за креирање нови работни места, приходи и одржлив развој.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи делегиран буџет за културните установи. Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивација за награда за најуспешните.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата. За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата. Оолеснувањата ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата.

ВМРО-ДПМНЕ се бори да има повеќе за секого во државата.

На 12-ти април следува победа на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Република Македонија.

Заеднички со народот ќе се избориме за обнова на Република Македонија и целосна реализација на проектите и мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски