ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Од:

Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи.

Изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да биде помпезно најавувано во јавноста, како во нивно време.

Впрочем, некои од мерките кои Филипче ги “предлага”, веќе беа споменувани дека би се презеле за намалување на штетата од евентуалната криза.

Филипче и СДС нека не се грижат, не одиме по нивните стапки. Совети од експерт за крадење во време на кризи, не бараме, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференијата на Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Фадави: САД не ги постигнаа своите цели во војната против Иран

Хегсет за војната во Иран: „До конечен договор, ќе преговараме со бомби“

Иран: Имаме волја да ја завршиме војната, но ни треба гаранција дека агресијата нема да се повтори

Медиуми: На САД им снемуваат ракетите „Томахавк“

САД: Некои ирански лидери повеќе не се на планетата Земја затоа што нè излажаа

Арагчи: „Воените злосторници во Израел бесрамно бомбардираат фармацевтски компании“

Горан Наумовски