ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заборави да го заштити здравјето на граѓаните ама не заборави да краде од народот

Од:

„СДСМ се однесува како воен профитер. СДСМ заборави да го зашитити здравјето на граѓаните ама не заборави да краде. Неспособноста се плаќа со животите и здравјето на луѓето.

И ВМРО-ДПМНЕ како и граѓаните се во неверување за скандалозното однесување на власта во овие тешки моменти. Респираторни машини кои што се најпотребни за граѓаните кои имаат респираторни проблеми поради коронавирусот се набавуваат по 4 ипол пати повисока цена од реалната, не се одбира ниту најниската понуда, а респираторите се уште не се ниту пристигнати“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

„Ситуацијата со коронавирусот во Македонија е алармантна, но некој се уште мисли на личното богатење и профитерство во овие тешки моменти.

Ова е срам за СДСМ, срам за Владата, но и срам за Македонија. Обвинителството има доволно материјал за да спроведе истрага, го повикуваме веднаш да го стори тоа по допрен глас.

Во прилог ви ги доставуваме понудите од кој се гледа криминалот со респиратор на СДСМ профитерска“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела