ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше итни мерки за почист воздух, а две години ништо конкретно нема спроведено

Од:

„СДСМ покажа и докажа дека се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух. Ветуваа итни мерки за почист воздух, а речиси две години ништо конкретно немаат ништо спроведено.

Како резултат на несериозноста на СДСМ, Република Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во Светот.

Впрочем како што лажеа во кампањата сега се обидуваат со безочни лаги да се правдаат за својата неспособност. Со евтини лаги дека во времето кога Христијан Мицкоски ја извршувал функцијата директор на ЕЛЕМ поскапела цената на струјата за 100%. Во неговиот мандат компанијата бележеше рекордно производство на струја, а вистинската причина за поскапената струја во државата треба да ја бараат во „бонбона бизнисот“ на Шекеринска кој го направи во 2005 година. Тогаш го продадоа Електростопанството на Македонија исто како што сега ги продава националните и државните интереси.

На власта око не и трепнува додека граѓаните секојдневно ги полнат болниците како последица од загадувањето на воздухот. На собраниска седница на која се дебатира за решавање на проблемот со загадениот воздух Шилегов си играше игри на мобилен, а Макрадули реши дека подобро е да си дремне.

Државата и граѓаните станаа жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ да го решат проблемот со загадувањето. Затоа многу скоро граѓаните ќе ги казнат СДСМ за сите црнила кои и ги нанесуваат на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто