А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ спроведува сценарио за одложување или непризнавање на изборите

by А1он10/03/2016 - 13:51191
Share0

Секому му е јасно дека на сила е спроведување на ново сценарио за спас на раководството на СДСМ со три цели: алиби за да ги одложи изборите, алиби за да избега од избори или алиби за да не ги признава резултатите од изборите, пишува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ за нерегуларности во Избирачкиот список.

Следете a1on на Instagram Instagram

За таа цел, стои во реакцијата, се вклучија сите погони од Фабриката за афери на Чаушот и СДСМ па од Бихаќка започнаа да фабрикуваат најапсурдни измислици и конструкции на кои им се смее и Даниела Рангелова од Брвеница и сите граѓани на Република Македонија.

– СДСМ бесрамно лажеше дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова живеела во Брвеница и на нејзина адреса имало 127 фантомски гласачи. СДСМ грубо излажа дека на адресата на која живее пратеникот Димитар Стевананџија се регистрирани 22 гласачи. Стевананџија појасни дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат неговите соседи. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор. СДСМ грубо и бесрамно излажа и дека пратеникот Павле Саздов поседува куќа во Бутел и дека на таа адреса се регистрирани 15 гласачи. Саздов јавно соопшти дека куќа и стан во Република македонија не поседува, а на адресата на која што живее се регистрирани само тој и неговата сопруга што може да се види со обична проверка на избирачкиот список. Толку од аферите на СДСМ. Толку од фантомските гласачи на СДСМ, се наведува во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „откако не успеаја овие измислици, медиумите под контрола на СДСМ започнаа да се повикуваат на јавувања од анонимни граѓани кои виделе фантомски гласачи во своите домови“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Апсурдни и трагикомични се ваквите сценарија на СДСМ за спас на раководството на партијата. Нема да им пројдат. Граѓаните ќе дојдат по своето, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Горан Наумовски10/11/2026 - 15:16

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:42

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:3707/11/2026 - 12:45

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 12:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео