ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со ултиматумот ако не избори во јуни тогаш во декември, покажа дека не им е важно здравјето на граѓаните

Од:

„СДСМ се однесува несериозно и неодговорно. До вчера брифираа дека доцна есен ќе имало нов бран со корона, а сега велат ако нема избори во јуни тие ќе биле во декември.

Со ова Зоран Заев и СДСМ докажуваат дека се коцкаат со судбината на граѓаните и ја уценуваат цела држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквиот нивен ултиматум е најголем доказ дека на Заев и СДСМ не им е важно здравјето на граѓаните туку единственo политичките игри кои на Заев може да му донесат помал пораз.

Такви ултиматуми ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа и Зоран Заев не е ниту во состојба да уценува некого ниту да диктира услови“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела