ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се засегнати од ставањето на ред во новинарството

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е првата која што имаше волја и влезе во ефективни разговори со претставниците на новинарите и со кои се изнајде предлог заедничко решение.

Во тој дијалог беа вклучени легитимни претставници од новинарската фела. Токму таа соработка е во насока на подобрување на стандардите во новинарството и овозможување на услови, оваа професија и луѓето од таа фела подобро да ги извршува своите задачи.

За нас најважно е да се обезбедат добри услови за работа на новинарите, но и да се обезбеди релевантна и ефективна заштита од клеветите и навредите на многу мал дел (но гласен) од новинарската фела. Таа заштита не е потребна само за политичарите, туку пред се за самите новинари, за јавните личности, за фирмите, за културните работници, за спортистите итн.

Очигледно е дека СДСМ се чувствува засегната од ставањето на ред во новинарството и затоа е неискрена. Тие сакаат да се врати времето на аферата Фабрика, кога за СДСМ една мала група на новинари штанцаа текстови платени со парите од граѓаните, а во функција на задржување на фотељите на луѓето од СДСМ. Или пак кога Зоран Стефановски преку Советот за радиодифузија ги диктираше правилата кои му беа наложени од кабинетот на Црвенковски. Затоа СДСМ нема кредибилитет да говори на оваа тема.

Ако СДСМ навистина сака подобри стандарди во новинарството прво што треба да направи е да упати апел до оние медиуми, за кои цела јавност говори дека се блиски до нив, да почнат да ги почитуваат основните новинарски стандарди. Така СДСМ ќе покаже вистинска посветеност, наместо лажната загриженост каква СДСМ се труди да ја протне во јавноста, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски