ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со своето насилие во секој сектор на делување, како и со недемократски принципи на владеење

Од:

СДСМ денеска уште еднаш го покажа својот недемократски капацитет и насилието со надгласување како начин на владеење и начин на криење на вистинските состојби во општеството, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ и покрај огромните проблеми во образованието за кои што се говори и во оставката на заменик-министерот Петар Атанасов, нејзините пратеници во собраниската Комисија за образование гласаа против предлогот за надзорна расправа посветена на состојбите во основното средното и во високото образование побарана од ВМРО-ДПМНЕ.

Организирањето на почести надзорни расправи е една од демократските алатки и која произлегува и од процесот Жан Моне, процес кој што токму деновиве продолжува во Собранието под покровителство на Европскиот парламент.

Ова е јасен показател дека СДСМ продолжува со своето насилие во секој сектор на делување, како и со недемократски принципи на владеење. Заменик-министер за образование пооднесува оставка заради немање комуникација со министерот Арбр Адеми и заради лошите реформи во обазованието, а пратениците на СДСМ не дозволуваат за тоа да се дискутира и да се организира надзорна расправа.

Прашањето кое се наметнува е колкава е штетата нанесена во образованието кое што СДСМ се обидува да го затскрие со со бегање од отворена јавна дебата, со бегање од надзорна расправа, но и колкава штета треба да трпи образованието а со тоа и цели генерации граѓани заради политичкиот пазар на Зоран Заев?“, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ