ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави цензура на медиумите и владина телевизија, за да не се слушне за долгот, отпуштени вработени и кризата која доаѓа

Од:

„Во услови кога државата пропаѓа заради неспособноста на власта и од сите држави во светот само ние се соочуваме со тешки економски последици, владата спроведува цензура врз медиумите и слободната мисла.

Цензурата на медиумите е показател на авторитарно општество и партија која на прво место и се тајкуните блиски до врвот на партијата, отколку народот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на СДСМ освен тоа што контролира дел од медиумите пробува да си направи своја нова телевизија и да ја наметне врз слободните медиуми. Освен тоа денешниот владин настан во форма на емисија има режисер, тоа е Роберт Поповски со неговите помошници Коста Петров и Маријан Забарчанец. Целта е партиско политичка пропаганда на грбот на народот во услови кога нашата земја е во тешка здравствена и економска криза. Не се важни граѓаните туку личниот рејтинг.

Што сака да сокрие власта?

1. Дали крие тоа што јавниот долг ќе биде 70% од БДП заради нивните лоши мерки и криминалот?

2. Дали се крие дека 140.000 луѓе привремено останале без работа?

3. Дали не сакаат да се знае дека 50% од вработените во угостителството се отпуштени?

Дали власта крие дека после оваа криза, ни следува уште поголема економска, која не можат да ја спречат!?

Слободата на медиумите и слободната мисла се уставно загарантирано право и никој не смее да ги ограничува, па ниту Зоран Заев и СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела