ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажа неспособност да го реши проблемот со загадениот воздух

Од:

„Синоќа и утрово Скопје, Битола, Струмица и други градови во Република Македонија беа меѓу најзагадените градови во Светот. СДСМ покажаа дека се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух. Ветуваа итни мерки за почист воздух, а речиси две години ништо конкретно немаат спроведено.

Како резултат на несериозноста на СДСМ, Република Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во Светот.

Додека СДСМ се служи со лаги и манипулации Светска банка потврди дека заради енормно загадениот воздух во Република Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1.350 смртни случаи.

Граѓаните секојдневно ги полнат болниците како последица од загадувањето на воздухот, а власта со око не трепнува. На собраниска седница на која се дебатира за решавање на проблемот со загадениот воздух Шилегов си играше игри на мобилен, а Макрадули реши дека подобро е да си дремне.

Ја укинаа акцијата Ден на дрвото со која беа засадени 35 милиони садници, ги исклучија половина од мерните станици и не се способни да ги одржуваат новите автобуси, и ги вратија старите. Тоа се мерките на СДСМ.

Државата и граѓаните станаа жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ да го решат проблемот со загадувањето. Затоа многу скоро граѓаните ќе ги казнат СДСМ за сите црнила кои и ги нанесуваат на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните