А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажа дека не знае да се справи со загадувањето во Куманово

by А1он05/02/2017 - 18:14116
Share0

По прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, во која што тој повика да се преземат мерки за екстремного загадување со кое што се соочува Македонија и особено Скопје во изминативе денови од ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение одговорија дека СДСМ сака само да освои политички поени.

Добивај вести на вибер

„Дамјан Манчевски и СДСМ најдобро покажаа колку не знаат да се справат со загадувањето на воздухот во Куманово кое често се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа.

Пропаднаа сите лаги на СДСМ за некаква гасификација на Куманово и Струмица, градови во кои гасот е само основ за криминал и тоа ниту една магла не може да го сокрие.

Може да им се верува на Манчевски и СДСМ кога велат дека би сакале да го гасифицираат и Скопје по примерот на Куманово и Струмица- партија предводена од аболициран криминалец и не може да размислува поинаку освен преку матни зделки и преплаќање на гас да се стекнува со богатство, без оглед на ефектот по здравјето на граѓаните.

На листата на неспособни градоначалници на опозицијата се придодава и Андреј Жерновски кој ноторно лаже дека немал ингеренции во справувањето со состојбата на воздухот, обидувајќи се да се амнестира од одговорност за да може да се посвети на своите основни преокупации: правење боемски улици од 400 метри за 1,3 милиони евра евра и плаќање по 30.000 евра на диџеи за да не одржат концерт.

СДСМ не го поздрави субвенционираниот автобуски превоз за повеќе категории граѓани, како студентите и пензионерите. СДСМ не го поздрави субвенционирањето на печките на пелети и намалувањето на ДДВ за пелетите. СДСМ не само што не ги поздрави новите термо фасади со кои се подобруваат изолационите карактеристики на објектите, туку и застана остро против нив. СДСМ застана против субвенционирањето за вградување плински уреди во автомобилите, како и против поттикнувањето за набавка на електрични автомобили.

Ова се само неколку докази дека лицемерите од СДСМ повторно се трудат да ги манипулираат граѓаните, само ако мислат дека од тоа можат да извлечат некој ситен политички поен.

Да потсетиме, СДСМ е партијата која воопшто не го ни мереше загадувањето на воздухот и со овој проблем се справуваше така што го пикаше под тепих. Нема мерење, нема загадување – тоа беше девизата на СДСМ.

Проблемот со загадувањето на воздухот е децениски и повеќеслоен и за тоа се преземаат конкретни чекори во еден долг процес, а не манипулативни прес-конференции со кои единствено се има за цел да се доведат во заблуда граѓаните“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

zagaduvanje

Би можело да ве интересира

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ19/09/2025 - 16:4019/09/2025 - 16:49

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Предраг Петровиќ13/09/2025 - 20:21

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Катерина Ѓуровски25/06/2025 - 08:51

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

Горан Наумовски22/05/2025 - 17:47

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Катерина Ѓуровски18/02/2025 - 14:11

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

Катерина Ѓуровски18/02/2025 - 13:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен