ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени, вештачки создава перцепција дека се е во ред

Од:

„Република Македонија е на дното во регионот по број на тестирани луѓе од коронавирус. СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени. Вештачки се создава перцепција дека се е во ред.

Од друга страна реалноста е сосема поинаква. Македонија има повеќе починати од коронавирус од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Високата смртност е само поради неспособноста на власта да ја менаџира кризата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лошиот менаџмент со кризата се гледа и во лошата економска слика. Буџетот за првите три месеци има дупка од 120 милиони евра, секое семејство е задолжено за нови 15.000 денари.

Државата само за санирање на дупките од неспособноста на власта ќе потроши 1.3 милијарди евра, пари за кои ќе треба да не задолжат и да ги враќаат некои идни генерации.

СДСМ ја урниса Македонија и ќе биде казнет од граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници