ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Лука Кржаловски предложен за претседател на УМС

Од:

„Во текот на вечерашниот редовен состанок на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше разговарано за актуелни општетсвени, политички и економски теми.

Општиот став изнесен на состанокот беше дека во Република Македонија постои отсуство на демократски капацитет на власта, што особено беше видливо во текот на насилното и неделовничко изгласување на Законот за јазици за чија неуставност и незаконитост преупредуваше ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност. Ова насилничко и недемократско однесување на власта предизвика револт во јавноста која е згрозена од антидржавните политики на СДСМ.

Веќе подолг период Власта предводена од СДСМ покажува дека нема волја да обезбеди демократски амбиент за заедничка работа на сите општествено политички чинители во правец на забрзани реформи, туку се обидува преку политички монтирани судски процеси, притвори и заплашување да обезбеди непречено спроведување на тесно партиските и коалициски интереси.

Во поглед на економската состојба во Република Македонија беше истакнато дека амбиентот за бизнис и економијата се движат во надолна насока, стопанството се соочува со се поголеми и потешки предизвици, а поради интензивното растење на трошоците за живот и цените во малопродажбата стандардот на граѓаните се намалува наместо да расте. За жал не е видлив сеуште концепт на Владата предводена од СДСМ да продолжи да носи странски инвеститори кои се клучни за решавање на основното барање на граѓаните, отворањето на нови работни места.

На состанокот на ИК на ВМРО – ДПМНЕ беа разгледани и кадровски прашања, при што се донесе одлука ИК како резултат на финализирањето на постапката за избор на Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на Централниот Комитет да му го предложи кандидатот Лука Кржаловски како предлог за избор за Претседател на Унијата на Млади Сили. Кандидатот Лука Кржаловски е досегашен Претседател на Градскиот Комитет Скопје на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИK на УМС на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од состанокот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел