ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да успее да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија.

Од:

СДСМ продолжува со обидите за финансиски тероризам, воден од мотото „Колку полошо за Република Македонија, толку подобро за СДСМ“.

СДСМ не може да ја поднесе реалноста во која во Македонија се вложуваат милијарди евра во инфраструктура, земјоделие, нови болници, училишта, градинки, спортски објекти.

За СДСМ е неприфатливо во Македонија да има повеќе од 150.000 нови работни места отворени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ Македонија е добра само онаква каква што ја оставија – во пустош, без ниту една странска инвестиција и со рекордно ниво на невработеност.

Токму затоа, главна цел на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ е финансиската стабилност и финансиските текови во Република Македонија, како и нарушување на угледот на Република Македонија во светот.

Аболицираниот криминалец Заев и неговите неспособни соработници од врвот на СДСМ попусто се обидуваат да ја манипулираат јавноста со дезинформации и да им се закануваат на финансиските институции.

Оваа нивна манипулација не им поминува ниту во домашната јавност, а нема да помине ниту кај релевантните институции на меѓународниот финансиски пазар. СДСМ нема да успее да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија.

Еврообврзницата преставува нормален финансиски механизам кој се применува во сите европски земји. Дотолку повеќе, овој механизам во Македонија е воведен токму од СДСМ, со таа разлика што тогаш парите кои ги позајмуваше СДСМ испарија во воздух. Во нивно време немаше ниту инвестиции, ниту изградба на патишта, болници, училишта, спортски сали, субвенции.

Не само што не ги вложуваа парите за кои ја задолжуваа Македонија, туку им пречи кога некој друг работи и вложува во интересот на граѓаните и поквалитетниот живот во државата.

Токму затоа СДСМ е казнуван жестоко од граѓаните 9 изборни циклуси по ред. Најновата сметка за ваквото срамно и антидржавно однесување СДСМ ќе ја добие веднаш кога ќе се охрабри да се соочи со граѓаните на избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Димитриеска Кочоска: Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност

Барањето за еврообврзницата во Правда стигнало два дена по констатираната оставка на Тупанчевски

Димитриеска Кочоска: Откажувањето на еврообврзницата го сруши угледот на земјата

Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Катерина Ѓуровски

ВМРО: Царовска да покаже разбирање за проблемите на матурантите