ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо празни изјави нека почне со оставки, Спасовски да каже дали предметот за дипломатскиот скандал се криел

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение одговорија на прес конференцијата на Стефан Васев од СДСМ.

„Малиот Васев треба да го праша Оливер Спасовски зошто неговите пиони во МВР го криеле предметот на Миле Миленковски од Наќе Чулев. А потоа да ги праша Димитров и Османи зошто не го разрешиле, туку напротив и му го продолжиле престојот во Виена.

Спасовски, Димитров и Османи пет години се власт во Македонија. Пет години овој дипломат хара низ светот и засолнува тајкуни како братот на поранешниот ерменски претседател, кој во Ерменија е лик како што е Вице Заев во Македонија, криминалец пар екселанс. Спасовски, Димитров и Османи треба да кажат и дали тие учествувале во најмување на приватниот авион со кој што е извлечен ерменскиот тајкун од Ерменија, и дали дале и дополнителна поддршка? Видовме во изминатиов период дека власта во Македонија целосно се ставила на располагање на мафијашки структури од регионот и светот и дека системот функционирал како заштита на мафијашки босови и тајкуни. Миленковски само е копија на браќата и братучеди Заеви, чии имиња снемува од кривични пријави, и никој не понесува одговорност, Ден Дончев кој видоа сите како става туце пари во ташна, Драги Рашковски кој ја злоупотреби функцијата за млатење милионски тендери, Петре Шилегов кој гради згради дивоградби и луксузни хациенди и секој еден криминоген функционер на оваа власт“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он