ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја потврди автентичноста на бомбата за мафијата на Заев, тој бил премиер и врховен судија

Од:

„СДСМ ја потврди автентичноста на аудио разговорот за мафијата на Заев. Во тој разговор се гледаат три работи:

Прво, криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија, договара одлуки на Врховниот суд и се фали дека без него не се може во судството.

Второ, криминалецот Зоран Заев вели трас-трас Врховен суд ќе донесе одлука по желбата на Заев, а Катица Јанева го знае тоа и ги движи работите по тој терк.

Трето, криминалецот Заев договара закон за јавно обвинителство кое ќе ги падне случаите, ако не тука е Врховен тоа да го направи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на Хари Локвенец од СДСМ.

„Видовме дека криминалецот Зоран Заев бил близок со Јово Вангеловски кого пред медиумите лажно го напаѓа. Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија Клучен доказ дека мафијата има своја држава.

Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски