ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има двојни стандарди кон граѓаните

Од:

СДСМ конечно признаваат дека фасадите на зградите треба да се променат по неколку децении, а тоа уште еден од низата докази дека немаат свои идеи и ја копираат програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа го оцени владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на  изјавата на кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Андреј Петров од опозициската СДСМ, кој најави  промена на фасадите на постарите објекти во општината.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ  станале свесни дека секој објект  има потреба од промена на фасади и од естетски, но и од економски аспект поради заштеда на енергија.

– СДСМ силно се спротиставуваше кога локалната сампоуправа на Општина Центар и на Град Скопје предводени од ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да ги реновираат фасадите на зградите во неколку општини. Според  Андреј Петров и СДСМ, граѓаните од Центар не треба да ги имаат истите поволности како и граѓаните на Карпош. СДСМ по кој знае кој пат покажува дека има двојни стандарди кога се во прашање граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Укажува дека во сите програми за локалните избори има предвидено реконстрикција на фасадите во општините и  најавува оти ќе продолжи со проекти за поквалитетен живот на граѓаните

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски