ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ќе одговараат за целиот рекет што го спроведоа во Македонија

Од:

„Владата на СДСМ предводена од Заев ќе остане запаметена по случајот „Рекет“. Повеќе од јасно е дека милионската сума од целиот овој случај завршила кај Зоран и Вице Заеви.

Но, не само Заеви во овој случај вмешаност и Александар Кирацовски, Мила Царовска и уште многу други функционери на СДСМ. Ова беше потврдено и од страна на Боки 13 кој е само извршител во овој случај“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Царовска била дел од шемата за перење на парите преку Меѓународен сојуз која како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Кирацовски пак посредувал со бизнисмен кој што понатаму е рекетиран.

За сето ова функционерите на СДСМ не ги негираа ваквите искази и тоа потврдува дека целата операција била овозможена и спроведена од нив.

Македонија со Заев и СДСМ само тоне.Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато, а одговорност мора да има.Граѓаните заслужуваат подобро“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски