ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Спасовски го политизираат МВР

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценува дека за неполни 24 часа новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски започнал со спроведување политизацијата на МВР, според партиски насоки.

Во реакција на соопштението на опозициската СДСМ за одлуката на министерот Спасовски за престанување на важноста на овластувањата од претходните министри за раководните лица во Министерството ВМРО-ДПМНЕ наведува дека „за три одлуки на новиот министер се издадени три партиски соопштенија во одбрана на неговата партиска агенда во МВР.“

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ веќе покажале како ќе го политизираат МВР од штабот на „Бихаќка“ во наредните шест месеци.

– Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите кои ја објавија неговата прва одлука на Спасовски како министер да си приграби ново модерно „Ауди“ за свој службен автомобил. Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите кои објавија дека како министер си обезбедил дипломатски пасош за кој не сакал ниту да се слика „како сите смртници“ туку наредил опремата за сликање да биде однесена во неговиот кабинет. Со партиско соопштение СДСМ се обиде да го одбрани Спасовски од медиумите и за третата одлука како министер, односно телеграмата што беше објавена и со која го развластил цело МВР, парализирајќи ја полицијата и доведувајќи ја Македонија во опасност, наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски