ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го уништува македонското образование

Од:

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ во 100 дена во образованието создала хаос. Како што кажа тој, за само 100 дена во образованието се извршило само блокирање, кратење и укинување и владата не спровела ниту еден проект.

– СДС во текот на изборите ветуваше подобро образование и квалитетна настава. СДС вети, СДС излажа! Од позиција на власт СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование. Да почитувани граѓани, тоа се 1.5 милијарди денари помалку, за изградба и реконструкција на студентски домови, основни и средни училишта, универзитети, факултети, спортски сали и превод на стручна литература од најдобрите светски автори. Зоран Заев, Рената Десковска и Стефан Богоев одеа помеѓу младите и ветуваа подобар студентски стандард, подобри услови за студирање и квалитетно високо образование, за сега истите тие луѓе од позиција на власт со ребалансот на буџетот, да кратат 213 милиони денари кои беа наменети за изградба и реконструкција на универзитетии факултети, рече Андоновски.

Тој додаде дека владата на СДСМ скратила цели 155 милиони денари за изградба и реконструкција на студентски домови.

– Тоа се истите тие Заев и Богоев кои секоја недела одеа во студентските домови и даваа изјави дека таму е катастрофална состојбата. Антиреформската влада на СДС, го укина екстерното тестирање, без да спроведе соодветна анализа од ефектите од истото, неговите позитивни и негативни страни. Владата уште на една од првите седници отпочна постапка за укинување на Кембриџ програмата по која учат младите во најдобрите училишта во светот со што го уназадува квалитетот на образованието, рече Андоновски.

Според него, СДСМ крати на развојни проекти и со тоа на долг рок го уништува македонското образование, кое ќе се соочи со паднат квалитет.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он