ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партијата што го измисли организираниот криминал и корупција во Македонија

Од:

„Ако зборуваме за скандали, тогаш скандал без преседан е вадењето на Зоран Заев од притвор со аболиција, осомничен за криминал од 8 милиони евра. Скандал без преседан е делењето на стотици тендери на роднините на Зоран Заев и пратениците на СДСМ.

Не е скандал ако некој со монтажи и манипулации е наклеветен и ако истиот за тоа покрене судска постапка за да ја докаже невиноста. И Зоран Заев имаше можност да ја докаже невиноста на суд, ама одбра аболиција. Тоа е вистинскиот скандал.

СДСМ е партијата што го измисли организираниот криминал и корупција во Македонија и нема никакво право и кредибилитет сега да зборува макар и за вакви измислици и глупости.

Да се потсетиме на случаите на разграбување на општествениот капитал во време на криминалната приватизација, кршењето на ембаргото и шверц со нафта и цигари под закрила на функционерите на СДСМ, милиониските тендери со стентови, Бачило 1, Бачило 2, Бачило3 и уште многу други слични корупциски скандали во време на владеењето на СДСМ.

Криминалниот двоец на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска се најдобрите ученици на Бранко Црвенковски, кои испитите кај бардот на криминалната приватизација ги положувале со 10-ка.

Такви криминалци и хохштаплери од типот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска нема ни во поширокиот регион. А пак портпаролот на СДСМ Петре Шилегов е на ниво на калфа, кој во моментов се докажува со своите куќи, коли и станот купени со минималната плата на која е пријавена неговата сопруга“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.       

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски