ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се врати во институциите и да излезе на локални избори

Од:

Најавата за радикализација на протестите е само паничен рефлекс на СДСМ затоа што гледаат дека ја губат поддршката дури и од нивните малубројни членови. Ако Црвенковски и СДСМ се убедени дека граѓаните се на нивна страна да излезат на локални избори, кои ќе бидат со силен меѓународен мониторинг и по сите меѓународни стандарди, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.

Од оваа партија со порака до СДСМ, да осмислат програми и проекти, кои сметаат дека се добри за граѓаните, да најдат соодветни кандидати и да излезат на избори, на кои граѓаните ќе одлучуваат кому му веруваат и кој има подобра програма, а кој не.

– Цела оваа налудничава реторика на викања, удирања во гради, повторување дека народот е со СДСМ, а сите ние јасно гледаме дека народот не е со нив, како и реториката на самоповредување и борба со замислен противник во која Бранко сака од Гадафи да се претвори во Че Гевара, е тотално непродуктивна, наивна и никој во домашната, а ниту во меѓународната јавност не ја прифаќа. Доста глумите и се однесувате недостоинствено и самите се понижувате! Вратете се во институциите и излезете на локални избори, па да видите народот што мисли за вас, стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите