ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од предвремени парламентарни избори  

Од:

СДСМ бега од предвремени парламентарни избори затоа што му е страв од соочување со народот, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува.

Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата.

Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ испратена по сооштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат