ВМРО-ДПМНЕ: СДС за да владее на поклон ја даде државата на ДУИ

Од:

СДС за да владее на поклон и ја даде државата на ДУИ и во намерата да си ги сочуваат фотелјите плаќаат скапа цена кај нивните газди во ДУИ. Цената ја гледаме и денес изразена во Талат Џафери премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од друга страна нивните надежи се дека ДУИ на СДС ќе и ги собира албанските партии во коалиција, и од Косово ќе се диктира овој процес за СДС да го ублажи својот дебакл. Тоа така не оди. Јасно е што правите. Едноставно е, СДС за да владее на поклон ја даде државата на ДУИ, Талат Џафери од ДУИ стана премиер поради слабата СДС. Талат Џафери е човекот кој е препознатлив по кршење на Уставот, законите, Деловникот за работа на Собранието. Талат Џафери е човекот од кој не може да се очекува нешто поинаку од тоа што го правеше до сега, бидејќи во континуитет газеше по правните норми на државата. Талат Џафери е човек кој доаѓа од партија во која на сите челници устите им се полни со европски вредности, но чии постапки покажуваат само како се кршат истите. Оттука од Талат Џафери единствено може да се очекува и да се мисли дека само може полошо. Поради ваквите лоши практики и политики на кои сите сведочеа седум години, може да се каже дека подобро и поинаку може да биде само по 8 мај, односно по изборите, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените