ВМРO-ДПМНЕ: СДС се претвори во партија – вазал на ДУИ

Од:

Дезертерот Димитар Ковачевски на големи маки, кого попрво да слуша, дали Зоран Заев од Струмица или Али Ахмети од Зајас, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа пиунот Ковачевски, кога не знае што треба да направи или оди во Зајас кај Ахмети, или во Струмица кај Зоран Заев да се советува.
Бидејќи Ковачевски и СДС знаат дека се ближи нивниот крај, партијата СДС и дезертерот Ковачевски се претворија во вазали на ДУИ и Али Ахмети. За некој тендер повеќе, за некој денар повеќе во џебот на функционерите од СДС се претворија во измеќари. Тоа е лицето на СДС денес, од партија која имаше некаква државотворна улога во минатото, во измеќарска партија за лични интереси и богатење“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, додека народот секој ден, се повеќе осиромашува, додека економијата тоне, а граѓаните ги очекува најтешката зима, СДС и Ковачевски мислат и се спремни се да прифатат за некој тендер повеќе, мислат само на лично богатење на грбот на граѓаните.

„На наредните предвремени парламентарни избори СДС и Ковачевски ќе доживеат дебакл, а со тој дебакл се става по знак прашање постоењето на СДС како политичка партија, па затоа грчевито се борат за ден повеќе да опстојат на политичката сцена, а со тоа да слугуваат на ДУИ и Ахмети. За да престанат сите омаловажувања и предавства на дезертерот Ковачевски и СДС, потребни се предвремени избори, за народот да каже дали сакаат да продолжат сите предавства на СДС и ДУИ, или сакаат просперитетна иднина и европска иднина со ВМРО-ДПМНЕ“, е наведено во напишаното.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика