Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

Од:

Олга Лозановска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собрание постави три пратенички прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Првото прашање е по однос на обезбедувањето на новото задолжување од страна на Владата и Собранието.

„Дали Владата подготвува ново задолжување од околу 350 милиони евра и на кој начин планира да се обезбеди тој износ?“, праша пратеничката Лозановска.

Второто прашање се однесува на ребалансот на Буџетот и на соодносот дефицит со БДП.

„Второто прашање, дали Владата планира ребаланс на Буџетот со зголемување на дефицитот, дали ќе се пробие планираниот дефицит и дали во Министерството се планира дефицит до 6%?“, рече Лозановска.

Трето прашање е во врска со правосудството, односно кои се очекувањата, проценките за состојбите во правосудството и задоволувањето на правдата.

„Трето мое прашање произлегува од работата на колегите пратеници од опозицијата, СДС и ДУИ, коишто кога дојдоа на власт ветуваа реформи во сите области и евроинтеграции во ЕУ. Ветуваа реформи, ветуваа правна држава, квалитетно образование, здравство, здрава животна средина. Ветувајќи реформи во правото местеа бројчаници, и наместо тоа видовме како функционира “трас-трас“ судството, како обвинители и судии носат нарачани судски пресуди. Граѓаните во колективната меморија се уште ги имаат оние слики од минатото, кога се нарачуваа судските пресуди, луѓе се ставаа во притвор, се вадеа по потреба да гласаат за уставни измени. Станавме држава во која има политички затвореници, и тоа оние кои го бранеа Уставот и законите на Македонија и сето тоа доведе довербата на граѓаните во судството да падне на цели 2%. Моето трето прашање, почитуван премиер е следно: постојано зборувате дека не сте задоволен од тоа како се спроведува правда, дека граѓаните со право се разочарани, како ја коментирате оваа ситуација и како Влада што ќе преземате во овој дел?“, праша Лозановска.

Би можело да ве интересира

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите