ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо одговор на пораките од Христијан Мицкоски и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи за некрофилство

Од:

Нема дно коешто СДС не може да го пробие, дури и во некрофилството. СДС наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДС се фати за бакљите. Иако и сама наведува дека според законот, членот 31 којшто сами го наведуваат, забраната за употреба се однесува за во затворени простории, а собирот беше на отворено. Уште повеќе, СДС во шпекулациите се обидува да сокрие и дека бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од трета категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продава на физички лица, коишто не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба, односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС намерно го изоставува фактот дека притоа ВМРО-ДПМНЕ ги испочитува сите параметри и предвидени законски норми за одржување на собири. Пред одржувањето на настанот, беа известени МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, коишто беа присутни за време на одржувањето на настанот,

СДС наместо одговор на пораките од Христијан Мицкоски и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи за некрофилство, без воопшто да покаже чувства кон жртвите и семејствата во Кочани, туку напротив, ја злоупотребува нивната болка.

СДС наместо политика повторно се качува на бранот злоупотреби до сега видени во „вистината за Смилковско“ или „вистината за Тамара“, каде бесчуствителноста на СДС сметавме дека е врвот.

СДС нема дно на бесчуствителноста коешто не може да го пробие во борба за личен опстанок. Затоа и не им пречеше користењето на пиротехника на прославата на навивачките групи кои победите на своите тимови оваа недела ги прослави на ист начин, со пиротехника од трета категорија, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски