А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да се фати за работа, се занимава со креирање лажни вести

by А1он06/06/2017 - 14:07173
Share0

„СДС наместо да се фати за работа, се занимава со креирање лажни вести и преку нивните медиуми и ја манипулира јавноста и граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

СДС деновиве откако ја презедоа власта, во недостиг на идеи што да направи, решија да лиферуваат лажни вести за ВМРО-ДПМНЕ и наводното луксузирање.

Најпрвo започнаа со тоа дека ентериерот и реконструкцијата на владата била премногу луксузна. Оваа реконструкција е извршена пред повеќе од 2 години. Во овие 2 години двајцата технички министри и 3-ца технички заменици министри на СДС кои беа со право на вето, но и новинарите на СДС/Сорос безброј пати беа во истите простории. Освен дека се репрезентативно реновирани, не видовме и не чувме ниту еден друг коментар.

Зградата на владата на Република Македонија е реновирана прв пат откако е изградена. Целиот нејзин ентериер е репрезентативен како за објект од таков ранк и нема ништо луксузно.

Следете a1on на Youtube YouTube

За да ја покрие својата безидејност и неработење уште во првите денови од власта, СДС пушти делумно лажни и делумно вистинити фотографии од објектот на владата и ентериерното уредување. Манипулативни и лажни беа сликите кои се појавија во дел од медиумите дека во објектот имало позлатени чешми, тоалети. Објавуваа и слики од елитни хотели низ светот преставени како дел од ентериерот во владата.

Целото реновирање на објектот на владата беше спроведено по објавен јавен повик, јавен тендер и електронска аукција, при што е одобрена најниската понуда. СДС/Сорос преку фејк њус или лажни вести се обидува да ја излаже јавноста.

СДС/Сорос преку своите фејк њуз медиуми креираат вести дека нашле некакви си фактури од роденденски прослави на ВМРО-ДПМНЕ, службени ручеци и вечери. СДС/Сорос лажат дека овие фактури се од судски извори. Ова е само една пропаганда на СДС против ВМРО-ДПМНЕ. Ова е одработување на СЈО за СДС. СЈО е изгубено во просторот со шамари кои не се случиле и вечери кои не се изеле.

Ги прашуваме од СДС колку чинат нивните ручеци и вечери и кој ги плаќа? Имајќи во обзир дека СДС се неработници и секој ден се по кафани, прашање е дали парите се обезбедени од членството, од рекет на бизнисмени или од некои надворешни извори?

Најголемата глупост која ја слушнавме во првите 5 дена од власта на СДС е дека со рушењето на оградата на владата, тие ќе биле поотчетни и отворени кон граѓаните. Оградата на владата е ставена заради безбедносно-терористичка заштита. Прашање е зошто штабот на СДС е забарикадиран со еден куп рампи и огради, додека седиштето на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една ограда или рампа, дали тоа значи ВМРО-ДПМНЕ е потранспарентна од СДС.

СДС изминатиов период секој дневно креираше лажни вести за штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Фејк њуз медиумите не доволно се информирале дека седиштето на СДС е поголемо за 200 метри квадратни од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога ги креираат лажните вести за партиските седишта, медиумите на СДС/Сорос забораваат дека поголемиот дел од штабовите се наследство од комунистичката партија или ги прибави бесплатно од државата или општините.

СДС гради црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикрие безидејноста и да ја дефокусира јавноста од ветувања кои ги даваа пред изборите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 11:58

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 08:2910/08/2026 - 09:28

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

Горан Наумовски09/08/2026 - 13:26

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски09/08/2026 - 11:2609/08/2026 - 12:24

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски09/08/2026 - 11:2209/08/2026 - 11:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео