ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Од:

СДС на Венко Филипче и оваа седмица ја започнува со ширење на лаги и хистерија. Очигледно тоа е резултатот кога ова раководство на СДС не може да се помири со реалната ситуација во државата. И во период на една од најголемите светски кризи на Блискиот Исток, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги задржа цените на нафтените деривати на најниско ниво од земјите во регионот, а има и доволно нафтени деривати и од соседните држави доаѓаат по гориво во Македонија, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дополнително и состојбата со цените е стабилна. Според Државниот завод за статистка инфлацијата во континуитет се намалува и сега изнесува 2,3 проценти. За разлика од периодот на владата на СДС, кога инфлацијата беше високи 16 проценти. За почетокот на учебната година пак се донесени посебни мерки. Одлуката на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ги обврзува трговците на големо да ги намалат цените за најмалку 10 проценти, а во малопродажба да се намалат најмалку 15 отсто. И мерката опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците ранци, тетратки, блокови, моливи, пенкала, боици, пластелин и слично. Состојбата во Македонија говори само едно, инфлација која се намалува, мерки за најмладите на почеток на учебната година. И секако дека СДС сето ова не може да го поднесе. Очигледно единствено на што се сетиле е продолжување на серијата ширење лаги и паника меѓу населението, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски