ВМРО-ДПМНЕ: СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата

Од:

Во СДС ништо не се менува, СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има национална трагедија или природна катастрофа да се обидат да ќарат политички поен плус. СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата СДС се сити низ соопштенија.

„СДС заборава дека додека Македонија гореше во минатото Заев се сончаше на плажите низ Грција. За разлика од минатото сега веднаш се превземаат дејствија, има брз, навремен и ефикасен одговор за справување со пожарите.

Додека се пометнуваат пожари низ државата СДС злоупотребува природни катастрофи мислејќи дека на тој начин ќе добијат политички поен плус.

Дека намерно се подметнуваат пожари доказ е и пожарот во атарот на Чучер Сандево каде се пронајдени палети потопени во бензин, и постои сомнеж дека слични подметнувања со цел разгорување се направени и на други места ширум државата.

Поразувачки е како некој може да помисли да прави штети врз природата и да ја загрозува животна средина а со тоа и човечките животи. Неразбирливо и несфатливо е како СДС се радува и ликува на сето тоа и не пропушта можност да ја искористи ситуацијата за политичка кампања. Време е СДС да престане да ги злоупотребува природните катастрофи и националните трагедии, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски