ВМРО-ДПМНЕ: Реисот Сулејман Реџепи директно задира во идентитетот на Македонците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира и ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, реисот Сулејман Реџепи со која, како што се наведува во соопштението, тој директно ги навреди чувствата и правото на сопствен идентитет на Македонците со исламска вероисповест и ја навредува партијата.

– Недозволиво и крајно неодговорно е поглаварот на ИВЗ во Македонија, реисот Сулејман Реџепи да дава непромислени изјави и да повикува на верска и  национална омраза. Тоа не му доликува на ниту еден верник, а најмалку на Реисот, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на наводите од колумна на реисот Сулејман Реџепи.

Припадноста на еден човек кон одреден народ, се истакнува во соопштението, е детерминирана од неговиот јазик, култура, традиција и чувство за припадност и никој, ниту партија, ниту верска организација, а најмалку поединец не може тоа на вештачки начин да го менува и оспорува.

– Македонците со исламска вероисповест се неотуѓив и неразделлив дел од македонскиот народ. Тие кај себе го зачувале и најубавиот македонски говор и најубавите македонски песни, дел од македонските национални традиции. Навредата спрема Македонците муслимани е навреда за целиот македонски народ, без разлика дали некој по религија е муслиман или пак е православен, католик, протестант, евреин, припадник на друга религиозна група или атеист, се посочува во соопштението.

Изјавата на Реисот, според ВМРО-ДПМНЕ, е пример како не треба да се постапува во општество во кое традициите, вредностите и културните различности се богатство. – Жалиме што Реисот покажа дека нему верата му е незначајна, а значајни му се политичките и партиски агенди. Реисот треба да разбере дека како што постојат Албанци муслимани, православни и католици, така постојат и Македонци муслимани, православни, католици, протестанти, евреи и припадници на други религии, и тие се неодделив дел од македонскиот народ, дел од неговата вековна култура, јазик и традиција. Тоа е реалност и факт кој со векови опстојувал и никој не го оспорувал. Со оваа навреда, Реисот Реџепи, директно задира во македонскиот идентитет, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Реисот Сулејман Реџепи во својата последна колумна во весникот на албански јазик „Лајм“ тврди дека Македонците муслимани се ин витро-нација, измислена од сатанските активности на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот „Раѓањето на ин витро нацијата” поглаварот на ИВЗ на Македонија вели дека „владејачката партија ова го прави за да создаде нација на антички луѓе за да останат на власт“, додавајќи дека „за претопувањето на Торбешите во Македонци муслимани е ангажирана цела партија, за што постоел и посебен штаб кој работел во Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања