ВМРО-ДПМНЕ: Расипникот Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје

Од:

Расипникот Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје. Градот е до гуша во долгови, и затоа единствено виновен е Шилегов и СДСМ. Само по основ на идни обврска по склучени договори како доспоени и недоспеани обврски има 58.140.165 евра велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

– Договорите кои ги склучил Шилегов не се единствениот проблем. Дополнително отпочнал постапки за склучување на договори по јавни набавки во висина од 11.377.052 евра. Раскалашеноста на Шилегов и СДСМ се гледа и по 7 договори за заем во висина од 32 милиони евра. Вкупно по сите основи Шилегов на градот му оставил давачки во висина од 158.196.797 евра. Дополнително покрај сите овие долгови, Шилегов ги потрошил и парите од продажбата на градската куќа, за кои уште не знаеме каде завршиле. Шилегов и СДСМ не работеле за скопјани, туку за неколку приватни џебови, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче