ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претворила во партиска забава, а не државна прослава и за тоа ВМРО-ДПМНЕ не присуствува на истата.

„Сега не е време, ниту место за партиски политички промоции во време на прогласена кризна состојба и во време на повторно влошување со КОВИД пандемијата во државата. Наместо парите да се потрошеа за политички забави, власта на СДСМ и ДУИ требаше да ги пренамени во многу по продуктивни и побитни работи за граѓаните и државата во моментов.

Можеа парите да ги пренаменат за реконструкција на училишта, водоводни и канализациони мрежи во Полошкиот регион, а можеа и да купат неколку нови противпожарни возила со што би спречиле повторна катастрофа со шумските пожари“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?