ВМРО-ДПМНЕ: Пролонгираното апсење на Јанева е само излезен план за избегнување одговорност на Заев

Од:

Селективната правда е неправда, а во Македонија гледаме дека главата на октоподот е недопирлива и се што прави системот е обид да се покријат трагите кои што водат до Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференциите на Костадин Костадинов и Мухамет Хоџа.

„Законот очигледно не важи ниту за Зоки Поки, ниту за Кики, Фрики и Шеки, ниту за Костадинов и останатите инволвирани во милионските проневери и злоупотреби на Катица Јанева и невладината организација на Боки 13.

Пролонгираното апсење на Јанева е само излезен план за избегнување одговорност на Зоран Заев.

Заев е премиер на Република Македонија, под чија директна ингеренција се наоѓаат сите безбедносно – финансиски истражувачки служби, тие морале да знаат за милионскиот рекет врз десетици бизнисмени кој траел со години.

Доколку без Јанева не можело да дојде до милионското рекетирање во случајот Империја, без знаење на Заев тоа не можело да се одвива со години.

Институциите на системот ја толерирале Јанева и нејзините извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец. Тоа индицира само на едно, рекетот бил вршен во корист на Заев.

Потребно е итно проширување на истрагата. Без проширување на истрагата кон Заев, оваа операција на ЈО е само обично дефокусирање на јавноста. Владеење на правото ќе има само кога Заев и неговите соработници ќе одговараат за криминалот.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ