ВМРО-ДПМНЕ: Програмата „Живот за Македонија“ на СДСМ може да се именува како „Најголемите политички лаги во Македонија“

Од:

„Измамникот Заев е синоним за лагата. Листата на лагите и лажните ветувања од актуелната власт нема крај. Лажењето експлодира, бидејќи Заев се соочува со страв од поразот кој знае дека го очекува на 12 Април следната година.

Програмата „Живот за Македонија“ на СДСМ со која ревносно мафтаа пред три години во предизборието, сега може да се именува како „Најголемите политички лаги во Македонија“. Сега измамникот повторно манипулира со наводно зголемување на плата, а реалноста е дека повторно ги лаже професорите и наставниците кои и до сега требаше да изнесуваат 31.660 денари или 5.660 денари повеќе од оние 10% што власта сака да го претстави како зголемување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку со сегашната минималната плата од 12.500 денари се помножи коефициентот на сложеност од 2,533 ќе искочи дека професорите и наставниците треба да добијат 5.600 денари повеќе од она „зголемување“ од 10 % кое власта вели дека го исполнува.

Лагите и манипулациите на СДСМ само се потврдија со бегањето од гласањето на новиот закон за минимална плата, со кое впрочем доколку истата се покачи на 14.500 денари, ќе се потврди дека согласно Колективниот договор во образованието платите на просветните работници треба да бидат 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од лагата која што власта се обидува да протне на најпопулистички начин.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги рецензира лагите на оваа власт се до нејзиното заминување. Владата на Заев ќе остане да биде забележана како нејнеспособна влада во историјата на Македонија, никој не смее да се служи со манипулации за политички поени. На Заев му е јасно дека одговорноста за неговите лажни политики и манипулаторските мерки ќе кулминира на 12 април следната година, кога граѓаните ќе ги казнат фиктивните мерки и расипничкото трошење на народните пари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски