ВМРО-ДПМНЕ: Проектот „Подземна сообраќајница“ на Јужен Булевар е започнат од претходната градска власт

Од:

„Петре Шилегов е синоним за неработа, неспособност и афери.

За десетина месеци градоначалствување со Градот Скопје, тој стана познат како градски татко чиј единствени проекти се: неуспешното прскање против комарци кое доживеа фијаско,правење на спектакл со музички бендови од пуштање во употреба на автобуска станица која подоцна ја затвори, како и пуштање во употреба на фасада на средното училиште Јосип Броз Тито која беше направена и финaлизирана уште пред 4 години.

Оттука Шилегов лаже и манипулира и со подземната сообраќајница која ќе се гради на Јужен Булевар позади Рамстор.
На овој проект градот Скопје работеше претходните 5години, заедно со Министерството за транспорт и врски и инвеститорот Лимак.

На Советот на град Скопје чие мнозинство беше на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија се донесе одлука Лимак да изгради дел од подземната сообраќајница. Обврска на општина Центар беше изработка на ДУП.

Шилегов вообичаено грубо лаже и ја дезинформира јавноста дека 5 години проектот се шетал од фиока во фиока во град Скопје. Вистината е дека бидејќи се работи за комплициран проект се чекаше ЛИМАК да ја проектира подземната сообраќајница за делот кој што ќе го гради .

Откако беа изработени тие проекти од страна на Лимак се започна со градба на идеен сообраќаен проект и расчистување на земјиштето. Потоа од страна на град Скопје и претходниот градоначалник Трајановски во почетокот на минатата година се објави тендер за проектирање на подземната сообраќајница, и тоа од делот од кај што завршува подземната која ќе го гради Лимак према Карпош до турбо кружниот кај католичка црква и према Кисела Вода од катната гаража до рампа Кисела Вода.

Инаку подземната сообраќајница има 3 дела. Еден дел е тој што го гради Лимак, втор дел е спрема Општината Карпош кој ке го гради градот Скопје и на кој има огромен кружен тек пред Нова Македонија и трет дел кој исто ќе го гради градот Скопје од катната гаража Македонска фаланга до рампата Кисела Вода каде што има 2 кружни тека. Сега она со што се фали Шилегов, а е направено од претходните власти и е наследен проект преставува почеток на работите во делот кој ќе го прави Лимак. А деловите кои треба да ги гради градот Скопје по изработка на основниот сообраќаен и градежен проект ќе треба да се објави тендер за изградба.

Ако проектот бил во застој и ако се знае дека во овие десетина месеци на управување на градот од страна на Шилегов главните активности не му се нови капитални проекти туку рутинско косење на тревници, жардињери и крадење на проекти од претходната власт, како тоа Шилегов успеал да одблокира вака сложен проект?

Шилегов ниту е по работата, ниту пак покажува способности да реши некои проблеми на скопјани. Тоа е човекот кој рутинско прскање против комарци го направи ноќна мора за скопјани.

Многу е јасно дека секој настап на Шилегов е дозиран со лаги и бројни манипулации. Еднаш лажго секога лажго е практиката својствена за скопскиот градоначалник“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти