ВМРО-ДПМНЕ ги предупреди судиите: Незаконското одредување притвор на Кочан сериозно ќе ја продлабочи политичката криза

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека одредувањето притвор на сопственикот на ТВ НОВА Сеад Кочан е незаконско и со него се сака да се направи притисок и по можност згаснување на ТВ НОВА, да се испрати порака и заплашување до сите медиуми кои не мислат како Зоран Заев и неговите сценаристи, како и заплашување на припадниците на етничките заедници кои не се согласуваат со неговите политики.

– Овој чин е обид за загушување на демократијата и на медиумските слободи во Македонија. Овој чин ќе биде сериозен удар врз медиумските слободи во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да остане рамнодушна на ваквата политика на СДСМ која како поразена на изборите не дошла на власт, но преку СЈО каде е на власт од првиот ден на неговото формирање, веќе практикува крајно недемократско владеење, загушување на медиумските слободи, кршење на законите и погазување на демократијата, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата, како што се посочува во соопштението, ги предупредуваат судиите, „независно дали се под притисок на СДСМ, или пак од било која причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат согласно законот и Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и СЈО“.

– Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите. Евентуалното подлегнување на притисок или влијание врз судот во случајот со сопственикот на овој медиум нема да остане без реакција на ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во соопштението.

Во него се додава дека доколку се подлегне на притисокот и на политичките влијанија од СДСМ и незаконски се потврди притвор, се додека тој трае ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест „ќе ги преземе сите расположливи политички и демократски мерки и чекори во правец на спречување на недемократско однесување на СДСМ која е на власт во СЈО и целосно управува со него и го контролира“.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека евентуално незаконско одредување притвор на сопственикот на НОВА ТВ дополнително и многу сериозно ќе ја продлабочи политичката криза во земјата.

– Уредувачката политика на ТВ НОВА многупати не е по вкус на ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ ги почитува медиумските слободи и соработува со сите медиуми вклучувајќи ги и најкритичките од нив, за разлика од Заев кој јавно на прес конференција ги прогласи за непријатели медиумите кои не мислат како него, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?