ВМРО-ДПМНЕ: Прилеп и цела Македонија се сведоци на неспособноста на криминалниот картел на власт

Од:

„Денешната изјава на Кирацовски во Прилеп е лика и прилика за однесувањето на оваа однародена власт. Наместо со граѓаните тие се опкружуваат со партиските другари со скиснати лица. Прилеп и цела Македонија се сведоци за црнилата и неспособноста на криминалниот картел на власт. Македонија тоне во корупција, економијата крахира, државата галопирачки се задолжува, нема капитални инвестиции, а СДСМ наместо да решава проблеми, неуспесите ги прикажува како успеси.

Ова покажува дека СДСМ и Кирацовски се целосно одлепени од реалноста. Наместо ветуваниот живот, донесоа вработувања на фризерки во МЕПСО, вработувања на мајки на партиски функционери во државни институции, иновативни грантови на партиски блиски фирми, криминални тендери и матни набавки.

За народот, за работниците, за стопанствениците, за пензионерите, за младите останаа само црнилата произведени од оваа власт. Крајот на овие црнила се гледа и ќе се случи кога оваа неспособна власт предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе падне. Народот заслужува и ќе живее подобро кога ликовите како Заев, Кирацовски, Анѓушев, Тевдовски и сличните од СДСМ ќе заминат во темната политичка историја“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните