ВМРО-ДПМНЕ: Пријател на Љупчо Николовски Путерот шверца 5 шлепери тутун, а Љупчо Путерот брка путер по магацини

Од:

„Пријател на Љупчо Николовски Путерот шверца 5 шлепери тутун, а Љупчо Путерот брка путер по магацини.

Откако успеа да заплени 60 тина паковања путер, или народски кажано две кеси, гледаме дека во државата се е во нормала. Па и оние 111 места на листата на Транспаренси сега не се толку лоши, наскоро ќе биде уште полошо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прошверцувани се 5 шлепери тутун, а никој не е во затвор. Заев се однесува како ништо да не се случило. Да не беше во прашање пријател на Љупчо Путерот, и за 10 штеки цигари сега ќе беше зад решетки.

Со СДСМ буквално се повторуваат деведесетите. Шверцот цвета, криминалот е на секаде, а никој не одговара.

ЈО безобразно молчи за Студенац Шпед. Зошто не е поткрената истрага и зошто сите замешани во шверцот се на слобода?!

Дали ЈО упатува порака до сите дека може да шверцаат тутун и да поминат неказнети, или сепак треба да се пријатели со вицепремиер?!

Јавноста нема да заборави, на шверцерот, пријателот на Љупчо Путерот и тој самиот наскоро ќе треба да објаснат како и зошто се шверцни 5 шлепери тутун. Доаѓа време за одговорност“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски