ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Од:

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши од „Вреди“, инструиран од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, прави институционален притисок врз претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – проф. д-р Димитар Апасиев од Левица, со крајна цел противзаконски да се блокира претстојната парламентарна Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, објавија од Левица.

– Откако на Четвртата седница на Постојаната анкетна комисија, одржана на ден 17 јуни 2025 година, пратениците на бескрупулозната владејачка коалиција ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ решија свесно и злонамерно да ја бојкотираат Комисијата со која претседава Апасиев, останатите присутни пратеници – согласно Деловникот – во нивно отсуство донесоа правовалидна одлука (со 1/3 од вкупниот број полноправни членови), за одржување надзорна расправа во Собранието на тема: „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на 16 март 2025“.
Но, по ова – спикерот Гаши испратил интерен службен допис до претседателот на П.А.К. – проф. Апасиев со кој, пречекорувајќи ги своите ингеренции и прекршувајќи го Законот за Собранието, погрешно констатира дека Комисијата „немала првен основ да заседава“ и „не можела да донесува никакви одлуки“!?

Ова, слично како случајот со претходната надзорна расправа за аерозагадувањето, е уште еден очајнички обид на пратениците од корумпираната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ да добие на време и да проба да го амортизира народниот гнев на родителите на трагично загинатите деца во кочанската дискотека „Пулс“, саботирајќи го одржувањето на ваквата надзорна расправа за вака важна тема која, во моментов, е од највисок јавен интерес.

Бездушната вмровска власт се плаши од откривање на мафијашките рекатарски шеми и спрегите на своите корумпирани министри, началници, командири и инспектори – па не дава ниту да се спомне Кочани во македонското Собрание! Но, ние не застануваме тука и ќе ги употребиме сите правни мерки и инструменти кои ни стојат на располагање, како опозициска пратеничка група, ваквата важна расправа да се одржи согласно закон и деловник и, конечно, да се дознае вистината за Кочани, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“