ВМРО-ДПМНЕ предлага на Царовска да ѝ се ограничат овластувањата

Од:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков вели дека за време на седницата на собраниската Комисија за образование, култура и спорт, по поднесувањето на предлог-законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на дискреционите овластувања на министерката Мила Царовска со кој ќе се спречи укинувањето на предметот историја, започнале притисоците и заканите за замолчување на опозиционите пратеници.

Лефков истакна дека седницата која што била закажана за 14 часот требала да се одржи непречено, поради тоа што сите пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои членуваат во комисијата биле присутни. Но, поради стравот и избегнувањето проблемите да се решаваат транспарентно пред очите на јавноста, седницата била одложена на само една минута пред нејзиниот почеток.

„Ова е срам за законодавниот дом и срам за власта која што го приватизира Собранието на Република Македонија и го користи за изживување како со останатите пратеници во Собранието, така и со граѓаните на Република Македонија“, вели Лефков.

„Конструкциите за блокада на работата е потпомогната и од претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Жаклина Лазаревска која што свесно го крши деловник, законите и правилата за работа на пратениците во Собранието на Република Македонија. Ваквиот чин претставува узурпирање на јавните институции и злоупотреба на службената должност. Наместо дијалог и дискутирање на важни теми поврзани со граѓаните и нивните проблеми, СДСМ демонстрира самоволие, притисоци, уцени и закани. Тоа не се вредности кои што треба да бидат синоним за законодавниот дом, тоа не се вредности кои што се рефлексија на едно општество за сите, како што тоа го нарекуваат пратениците од власта“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он