ВМРО-ДПМНЕ пред конечна одлука за референдумот – Секој да постапи по сопствен избор

Од:

Секој граѓанин да постапи по свое убедување за референдумот на 30 септември, ова е пораката која јавноста најверојатно ќе ја слушне вечерва од седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Исходот ќе произлезе од силниот притисок од надвор и пораките од членството внатре. Раководството на партијата во текот на денот одржува средби со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а за попладнево се закажани состаноци на Извршниот и на Централниот комитет.

Неофицијално, пораките кој партискиот лидер Мицкоски ги упати во говорот од протестниот марш во Кичево, се насоките околу кои се движат размислувањата на мнозинството во ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој е Христијан Мицкоски да му каже на народот што треба да прави? Да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски пи-ар советници, кој ми го дал мене ова право?“, рече Христијан Мицкоски на 3 септември од Кичево.

Поранешни функционери и основачи на ВМРО-ДПМНЕ, јавно повикаа да се излезе да се гласа на референдумот, додека пратеникот Антонијо Милошоски активно води кампања за бојкот.

Официјалниот став за референдумот ВМРО-ДПМНЕ досега повеќе пати одложуваше да го соопшти на јавноста, иако е познато дека не се согласуваат со начинот на кој е формулирано референдумското прашање, како и дека се противат на Договорот со Грција. Овие ставови лидерот Мицкоски им ги соопштил и на странските дипломати кои деновиве беа во посета на Македонија, во знак на поддршка за референдумот. Мицкоски лично и на германската канцеларка Меркел и кажал дека добиле навигација од средбите со граѓаните и конечената одлука за референдумот ќе ја соопштат неделава.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ