ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците во Собранието немаат мандат од народот за промена на Уставот

Од:

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на бараните уставни измени од страна на коалицијата на криминалот и корупцијата СДС и ДУИ е непроменет. Ова Собрание, овој собраниски состав нема мандат од народот за промена на Уставот под притисок на соседни држави“, нагласи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при одговарање на новинарско прашање за став на ВМРО-ДПМНЕ по однос на уставните промени.

Стоилковски додаде дека европската иднина со оваа владејачка коалиција на СДС и ДУИ е загрозена, а тоа го говорат и анкетите.

„Она што можам да го истакнам по сите овие барања е дека европска иднина со владејачката коалиција на криминалот и корупцијата е загрозена и тоа го кажуваат и фактите и анкетите. А, тие велат дека само 13% од граѓаните сметаат дека државата се движи во правилна насока, постојат рекордни 53% од граѓаните кои сметаат дека квалитетот на живот им назадувал, а довербата во правосудниот систем е 3-4%, не се верува во правна држава, не се верува во европски исчекор, постои катастрофална економска состојба, последни сме по раст, а втори сме по мизерија во Европа“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Така што уште еднашка ќе повторам дека овој собраниски состав, овие пратеници во Собранието немаат мандат за промена на Уставот. Единствено за што треба да се разговара е што поскоро да се соберат и да се организираат предвремени парламентарни избори“, децидно рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси