ВМРО-ДПМНЕ прашува според кој критериум е доделена помош на Општина Арачиново

Од:

„Според кој критериум е дадено половина милион евра само на Општина Арачиново за справување со Ковид-19 кризата?

Одлуката на Владата на Заев за доделување на половина милион евра на општина Арачиново е крајно скандалозна и нетранспарентна

Објаснувањето дека се работи за еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид-19 кризата е уште посомнителна. Во Република Македонија има многу посериозни жаришта од епидемијата со далеку поголеми потреби од финансиска помош, а Владата на Заев се решила да ја помага само општина Арачиново“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој е критериумот според кој токму општина Арачиново е одбрана за еднократна помош од половина милион евра?

Патем општината Арачиново ја треселе скандали со нетранспарентно трошење на народни пари, па логично се поставува прашањето дали има конкретен план за трошење на овие половина милион евра или се дадени заради ќеф на Заев?

Зошто Владата не определила ваква помош за општина Вевчани, општина Теарце, општина Тетово, општина Сарај, општина Шуто Оризари или општините Кисела Вода, Центар, Бутел и слични кои имаат огромен број активни случаи, туку тоа го прави баш со општина Арачиново?

За потсетување, со овие половина милион евра може да се набават илјадници ковид тестови, или десетици амбулантни возила, па дури и неколку монтажни болници кои се насушно потребни за справување со ковид епидемијата, наместо без јасна цел и јасни критериуми да се дадат на една општина, која за среќа, според извештаите на здравствените власти не е критична точка.

Дали ова е некаков вид матна компензација или концесија на Заев која сега на ваков начин ја исплаќа?

Јавноста мора да знае каде Заев ги троши народните пари. Буџетот не служи за поткусурување на неговите политички и бизнис интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски