ВМРО-ДПМНЕ: Пожарот во Кочани ја покажа целата неспособност и беда на власта на Заев

Од:

Катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните. Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека после еден ден ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето велат утрово во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мизерија и тотална неспособност. Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази. Цел ден од Кочани доаѓале апели и молби да им се помогне и да им се испрати хеликоптер за гаснење на пожар, но биле одбивани. Да бевме нормална држава и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Трагедија го потресе Исламабад: Бебиња загинаа во пожар во болница

Горан Наумовски

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола