ВМРО-ДПМНЕ повторно предупредува дека Владата води тајни преговори со Бугарија

Од:

Зоран Заев и владата водат тајни разговори со Бугарија. Заев да каже што прифаќа, и дали на маса е македонската национална посебност.Го повикуваме народот да биде внимателен и сериозно да ги следи состојбите бидејќи на Заев не може да му се верува. Тој до сега безброј пати покажа дека едно ветува, а друго прави рече денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

„ВМРО-ДПМНЕ е сериозно загрижена за државата. Сите ги знаеме бугарските позиции. Но, никој не ги знае позициите на Зоран Заев, тој јавно ги менува своите ставови и ја понижува Македонија. Заев јавно кажуваше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти, исто како и јазиците. Заев во своите интервјуа сто пати ги продаде нашите историски личности. После таквите испади на Заев тој нема повеќе преговарачки капацитет. Позициите на Македонија со Заев се разнишани и постои сериозна опасност дека секој договор што тој би го постигнал ќе биде на штета на државата“ – вели Стојановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?